Сончево и топло со мала до умерена облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови од земјата повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните два дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.

-Во недела ќе настапи поголема промена на времето, кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Дополнително опаѓање на температурите ќе има и од понеделник, најавува УХМР.

Би можело да ве интересира

Денеска во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер

Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денес сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денеска сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Сончево и топло со мала локална облачност