Сончево и топло со мала до умерена облачност

Од:

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од недела следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Би можело да ве интересира

Облачно со локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он