Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 36 степени.

Според УХМР, од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со температури до 18 степени

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Денеска сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност