Сончево и топло, попладне дожд грмежи и ветер

Од:

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во Скопската котлина ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 30 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен