Солза Грчева влегува во трка за градоначалник на Центар?

Од:

Дали поранешната пратеничка Солза Грчева ќе се кандидира за градоначалник на општина Центар? Нејасно според нејзиниот статус е дали би поднела кандидатура како независна или со поддршка на некоја партија.

Еве што напиша Грчева:

Ќе го тргнам статусот кој ги испровоцира луѓето да употребат најдолни оружја од своите преполни подруми. Но, ќе се сетите на него веќе за неколку дена. Ако се сетите, ако не, здравје. Денес е прочка, но не им проштевам на одредени мои пријателки/пријатели “во живо, не од ФБ“ кои не се наоѓаат побудени да реагираат кога се употребува најдолен речник против мене од разни деликвенти.А се божем интелектуалци. И божем се дружиме. Хаха…Само кликнуваат за тоа колку ми била убава елката. Нека ми го заборават телефонот и адресата. Најмалку да ми пишуваат тајно во inbox. Такви“ храбри“ суштества ама ич не ми требаат. Поздрав и убав празник.
А на Жерновски му порачувам: Ќе имаш голема конкуренција за Градоначалник на Центар.

Грчева, која е професор на ФОН, беше едно време член на ЛДП и држеше пресови за образованието, за веднаш да премине во СДСМ кој ја кандидираше за пратеник. Грчева, заедно со Топузова-Каревска и Буралиева, ги напуштија партиите на чии листи беа на добитни места, и дејствуваа како независни пратенички.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски

Насилници од Скопје со „бекатонки“ претепале две момчиња

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом