„Солунски патрдии“ во изведба на основците од Карпош

Од:

Училишниот хол на ООУ ,,Димо Хаџи Димов’’ денеска се претвори во раскошна театарска сцена, каде основците од Карпош, со бравурозната изведба на комедијата ,,Солунски патрдии’’, ја крунисаа својата едногодишна активност во рамките на школата за драмски актери на општина Карпош. Живописната кореографија, прекрасните костими и начинот на кој младите актери ги анимираа ликовите од ова класично театарско дело, пробудија длабоки емоции и насмевки на лицата кај присутната публика. Класичната комедија ,,Солунски патрдии’’ од Миле Поповски, на својствен начин ја адаптираше Снежана Коневска-Руси, притоа експериментирајќи со традиционалните македонски обичаи, рефлектирани низ урбаните елементи на денешницата.

На денешната културна манифестација присуствуваше и делегација од општина Карпош, предводена од градоначалникот, Стевчо Јакимовски. Во оваа пригода, општинскиот татко им додели сертификати на младите актери кои ја посетуваат оваа Школа.
-Ми претставува задоволство што низ овој систем на едукација, од година во година поминуваат се повеќе ученици од општина Карпош. Јас би бил навистина среќен, ако барем еден ученик од секоја генерација успее да ги реализира своите амбиции и стане успешен актер. Како прв човек на локалната самоуправа, сметам дека е од особена важност што општина Карпош издвојува средства од својот буџет, за поддршка и едукација на нашите млади актери. Меѓу другото, оваа поддршка за младите ја пружаме и во областа на спортот, образованието и културата – истакна Јакимовски.

Школата за драмски актери претставува проект кој е поддржан од општина Карпош и веќе четири години успешно функционира под водство на доајените на македонското глумиште, Димче Мешковски и Снежана Коневска-Руси. Во него учествуваат ученици од сите 10 основни училишта од Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи