Сојузот за иднината вечерва во Тетово и Гостивар

Од:

Сојузот за иднината својата предизборна кампања денеска ќе ја продолжи во пет општина во Западна Македонија. Митинзи ќе има во Центар Жупа, Дебар, Маврово – Ростуше, Гостивар и Тетово.

Митингот во Гостивар е закажан за 19.30 часот. На митингот ќе се обратат Благоја Трпески, носител на советничката листа, претседателот на НСДП, Тито Петковски, и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Зоран Анѓелов.

На крајот ќе се обрати и лидерот на Сојузот за иднината, Бранко Црвенковски.

Митингот во Тетово е закажан за 21 часот. На митингот ќе се обратат Стојко Пауновски, пратеник во Собранието на РМ, претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, претседателот на НСДП, Тито Петковски, и кандидатот за градоначалник на Тетово, Ивица Зориќ.

На крајот ќе се обрати и лидерот на Сојузот за иднината, Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?