Сојузот на здруженијата на дијабетичари ја поздравува одлуката за уништување на инсулините од паралелен увоз

Од:

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) ја поздравува одлуката на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство, за уништување на заостанатите количини на инсулини кои се чувале во Бирото за стокови резерви, а биле набавувани со Законот за паралелен увоз.

Ваквите одлуки, како што посочуваат од Сојузот, треба да продолжат се до уништување на последното инсулинско пенкало кое е со сомнителен квалитет од времето на паралелниот увоз.

Од Сојузот изразуваат благодарност до Министерството за здравство за тоа што конечно лицата со дијабетес 123.850 во нашата држава, можат да бидат сигурни во квалитетот на инсулините кои се набавуваат со гаранција за квалитет на истите.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките