Сојуз за иднината денеска на голем митинг во Скопје

Од:

Сојузот за иднината вечерва од 19:30 часот на плоштадот „Македонија“ ќе одржат голем митинг на кој ќе бидат промовирани кандидатите за градоначалници на Скопје и на скопските општини.

„Сакам да го изразам моето задоволство дека најчестата реченица што ни ја возвраќаа граѓаните што ги сретнавме беше – се гледаме на митингот“, изјави вчера Јани Макрадули, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје.

Митингот ќе се одржи на централниот плоштад во Скопје, каде што се сконцентрираи спомениците од владиниот мегаломански проект „Скопје 2014“.

„Прво, сакаме да упатиме јасна порака, дека без разлика на бројот и големината на спомениците, врбите, карузелите и златните огради кои оваа власт несмасно ги реди, плоштадот не е ексклузивитет на ВМРО-ДПМНЕ, туку е на сите граѓани, од кои секако на повеќето им е преку глава од безмилосното трошење врзано за целиот проект. Второ, иако за нас како СДСМ и како „Сојуз за иднината“, проектот „Скопје 2014“, останува најконтроверзната пералница на пари, ќе сториме сè за да се заштити имотот на граѓаните и трето – покрај нашиот став, дека ангажирањето на партиските агенциии за обезбедување на спомениците е само уште еден начин да се извлечат пари за партиските потреби на ВМРО-ДПМНЕ, покрај полицијата јавно ги повикуваме и ангажираните агенции на соработка со нас како организатори, сe со цел митингот да помине во најдобар ред“, изјави генералниот секретар на партијата, Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски