• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Соизвршителката на убиството на Пино осудена на 19-годишна затворска казна

by Кристијан Ландов13/07/2020 - 10:4513/07/2020 - 11:412801
Share0

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно, дека помогнала во извршување на убиството кое се случи во 2018 година. Телото на убиениот Пино беше пронајдено неколку месеци по убиството, во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.

Добивај вести на вибер

Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството, користејќи пушка која ја носел со себе во автомобилот. Тој се гони за кривично дело убиство, но е недостапен за органите на правдата.

Според обвинението, осудената Ѓорѓиевска го повикала Пинета Секондо – Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Фуркан Али со возило „опел аскона“ носејќи со себе пушка. Тој го оставил возилото на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“ со кое до насипот дошол Пино. На совозачкото место седнала Ѓорѓиевска, а Пино седнал на задното седиште.

Обвинителството тврди дека тројцата се упатиле по обиколницата кон атарот на селото Арачиново и во една нива почнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент Фуркан Али со пушката го застрелал во главата убиениот Пино Секондо. Осудената Ангела Ѓорѓиевска придонела да се изврши убиството, така што овозможила Пино да се сретне со убиецот, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост.

Осудената Ѓорѓиевска била присутна и во моментот на кога Али Фуркан го убил Пино Секондо. Таа помагала и за телото на Секондо да се стави во багажникот на возилото. Заедно се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката покривајќи го со ќебе.

pinopino sekondo

Би можело да ве интересира

Апелација и намали три години од казната на Ангела, осудена за убиството на Пино

Кристијан Ландов30/06/2022 - 17:01

Мајката на Пино бара доживотен затвор за осудената: Не застанувам тука

Кристијан Ландов13/10/2021 - 13:3013/10/2021 - 13:31

Повторно досудени 19 години за убиството на Пино, адвокатот на Ѓорѓиевска тврди дека е без докази

Кристијан Ландов13/10/2021 - 13:1613/10/2021 - 13:35

Мајката на Пино по одлуката на Апелација: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко

Кристијан Ландов31/08/2021 - 20:1831/08/2021 - 22:00

Укината 19-годишната затворска казна за убиството на Пино, Апелација одлучи дека има погрешно утврдени факти

Кристијан Ландов31/08/2021 - 12:4031/08/2021 - 21:29

(ВИДЕО) Судење за убиството на Пино: Притвореничката Блерта Поцеста молчеше на денешното сведочење

Искра Манојлоска13/03/2020 - 13:3913/03/2020 - 14:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен