Софија: Скоро 100 луѓе денеска даруваа крв на ВМА за настраданите во Македонија

Од:

Речиси 100 лица денеска даруваа крв за настраданите во Република Северна Македонија на Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија, соопшти медицинската установа.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Кампањата почна денеска претпладне, со приклучување на Воено-медицинската академија на иницијативата на бугарскиот Црвен крст (БЧК), Универзитетската болница Пирогов и Националниот центар за трансфузиона хематологија. Пред центарот има многу луѓе кои сакаат да помогнат, соопшти бугарскиот Црвен крст.

Оние кои сакаат да им помогнат на настраданите од пожарот во Кочани, од кои дел се сместени во Пирогов, тоа можат да го сторат денеска на вториот кат од зградата на Ургентната болница, а до крајот на неделата во специјалниот шатор на БЧК пред медицинската установа.

Само вчера, според Црвениот крст, на повикот за дарување крв се јавиле над 120 лица.

Во различни градови се организирани крводарителски акции за настраданите во пожарот во Кочани – на Универзитетот во Велико Трново во партнерство со бугарскиот Црвен крст, како и жителите на Благоевград и регионот.

Состојбата на жртвите од несреќата во Република Северна Македонија, кои беа примени на лекување во Бугарија и понатаму е сериозна, соопшти Министерството за здравство на својата Фејсбук страница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски

Со минута молк, во 2.32 часот оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Заедно во тишина со нашите 63 ангели – собир во 02.15 пред „Пулс“