Софија Куновска разрешена од советничката функција

Од:

Советот на Град Скопје денеска на седница ја разреши советничката на СДСМ, Софија Куновска, со образложение дека нејзината функција во Советот не е споива со пратеничката функција која ја доби на парламентарните избори.

Оваа одлука следи по верифицирањето на пратеничките мандати во Собранието. По одлуката на Советот, Куновска изјави дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ покажувале нескриено задоволство што ќе се ослободат од неа.

– Денес сум разрешена од местото член на Совет на Град Скопје под раководна палка на Ирена Мишева која и самата беше шест месеци во слична ситуација, неспоивост на функција, затоа што по изборот на член на градскиот Совет уште најмалку шест месеци остана да биде член на Фондот за пензиско и инвалдиско осигурување. Но тоа не е единствен таков случај во Град Скопје. Таков беше и случајот со Халиде Палиште од ДУИ, која беше во исто време и член на Советот и директор на Национална галерија, рече Куновска.

Куновска е четврта советничка на СДСМ која го загуби своето место поради одлуката на Собранието со која беа игнорирани нотарските изјави на избраните пратеници. Претходно од Советот на Охрид од истите причини беше разрешен, Томислав Тунтев, а вчера од битолскиот совет беа разрешени советниците од редовите на СДСМ, Васко Ковачевски и Јулијана Силјановска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби