Софески бил пронајден мртов во шумскиот појас во Кичево

Од:

Поранешниот воен разузнавач, Горан Софески утринава е пронајден мртов во шумскиот појас во близина на селото Раштани, пет километри од Кичево, откако синоќа бил пријавен за исчезнат. Во тек е увидот на местото на настанот, поради што од Министерството за внатрешни работи не можат да откријат повеќе детали.

Софески последен пати бил виден синоќа, кога излегол од дома на спортски лов и не се вратил. Утринава, околу 7.00 часот, бил пронајден мртов од страна на случаен минувач.

Не се познати причините како настапила смртта. Според некои извори Софески починал под сомнителни околности. Се споменува дека бил чест критичар на власта и дека во минатото бил заслужен за откривање на многу афери.

remenskisofe

Софески бил близок до членови на опозицијата. Имал 44 години.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он