Социјални пакети за 140 семејства од општина Центар

Од:

Општина Центар, пред претстојните првомајски и велигденски празници, на 140 жители на општината, приматели на социјална парична помош, им додели социјални пакети во вкупна вредност од 300.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општината.

Социјални пакети (2)

„Ова нема конкретно да ни ги реши проблемите, но помошта ни е навистина повеќе од добредојдена. Многу сме среќни што некој се сети на нас и ни овозможи побогато да ги минеме празниците. Многу сме задоволни и благодарни на градоначалникот Андреј Жерновски, затоа што, не само што добивме помош во храна и средства за хигиена, туку и ни кажа дека секогаш сме добредојдени во општината за се’ што ни е потребно“, рекоа центарци, кои добија пакети со основни животни намирници и средства за хигиена.

Социјални пакети (3)

„Ние сме само Ваш сервис и постоиме за Вашите потреби. Јасно ни е дека со ова не го решаваме големиот проблем, но сакавме да дадеме наш мал придонес за побогати и посреќни велигденски и првомајски празници“, им порача градоначалникот Жерновски, честитајќи им ги претстојните празнувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар