Социјалистичка партија на Франција: Уставот и волјата на гласачите мора да бидат почитувани

Од:

„Конзервативниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, не дозволи мнозинската коалиција предводена од пратениците на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со своите 67 од вкупно 120 пратеници, да ја формира идната македонска влада.

Партијата на Претседателот, ВМРО-ДПМНЕ, успеа да обезбеди само 51 мандат.

Одлуката на Иванов претставува противуставен акт и ја поништува демократијата. Таа ја покажува намерата на партијата на претседателот, поразена на изборите од декември 2016 год., да ја задржи властапо секоја цена, создавајќи притоа опасност од меѓуетничка војна, налик на онаа во која земјата беше втурната во 2001 год.

За време на изборната кампања есента 2016 год, Зоран Заев и неговата партија СДСМ јасно ветија еден нов граѓански договор кој насите македонски граѓани, вклучително и оние од албанско потекло, ќе им обезбеди еднакви права. Оваа нова дефиниција за „граѓанство“ и современ пристап во односите меѓу заедниците кои во себе го вградуваат духот на Охридскиот договор се во спротивност со пристапот на Никола Груевски, поранешниот претседател на владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, уште од 2006 година, ги потпалува односите помеѓу различните заедници, што се потврди и при опасните судири во Куманово во мај 2015 година.

Социјалистичката партија отворено го повикува претседателот Иванов да го почитува Уставот и мнозинската волја на македонските граѓани. Пржинскиот договор, кој беше постигнат преку тешки преговори со поддршка на Европската унија, не смее да се доведува во прашање.

Социјалистичката партија му дава целосна поддршка на Зоран Заев и на владината коалиција која тој ја собра за да се постават темелите на правната држава во Македонија, што пак е неопходен услов за вклучување на земјата во големото европско семејство“, се вели во соопштението на Социјалистичката партија на Франција.

Би можело да ве интересира

Поради пожарите: Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток