Societas Civilis: ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ, а ДУИ од ДПА

Од:

Партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ ужива повисок рејтинг во однос на опозициската СДСМ и тоа со 25,5 наспроти 19 отсто од определените гласачи, покажува истражувањето спроведено во текот на овој месец од Институтот за демократија „Societas Civilis“ – Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Истражувани се ставовите и перцепциите на граѓаните за теми од домашната политичка сцена, преку прашања поврзани со рејтинзите на политичките партии и предизборните здружувања помеѓу политичките партии.

Кај политичките партии со доминантно етнички албански гласачи, ДУИ е во предност во однос на ДПА со 11,1 спрема 6,6 отсто. Речиси една третина од испитаниците, односно 32,4 отсто, не сакаат да дадат одговор за која партија би гласале на следните избори.

Една четвртина од испитанците очекуваат дека ВМРО – ДПМНЕ ќе победи на следните избори 25,1 отсто, додека победа на СДСМ очекуваат 15,2 отсто од вкупниот број испитанции.

Речиси една третина од граѓаните, односно 31,3 отсто би гласале за нова политичка партија. Сепак, 49,7 отсто не би го дале својот глас за нова политичка опција. Ваквото расположение во подеднаква мера преовладува и кај двете најголеми етнички заедници во државава.

Според истражувањето, граѓаните во поголема мера се скептични дека предизборното коалицирање ќе и донесе победа на опозицијата и тоа 51,5 отсто. Од друга страна 20,8 отсто од граѓаните очекуваат победа на опозицијата.

Коалицијата меѓу Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски не ја одобруваат 56,2 отсто од граѓаните. Причините за кои што не ја одобруваат ваквата коалиција во најголема мера, како што е наведено во истражувањето, се гледаат во недостатокот на политички кредибилитет кај овие политичари и тоа за 45,3 отсто од испитаниците. Помал дел, односно 18,4 отсто ја одобруваат коалицијата меѓу Георгиевски и Црвенковски и главната причина зошто ја одобруваат ја гледаат во потребата власта да си замине по секоја цена.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета – лице во лице во домаќинствата од 19 до 26-ти овој месец на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници. Популациската рамка на примерокот било население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност биле пол, етничка припадност, возраст и место на живеење.

Би можело да ве интересира

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Орце Костов

Се помалку Руси ја поддржуваат војната

Горан Наумовски

Анкета: Поддршката за инвазијата на Путин кај Русите првпат паѓа под 50 отсто

А1он

Гаревски испитува за паниката и стравот од битолскиот земјотрес од минатиот месец и скопскиот од 1963

Маја Илиевска-Пачемска