Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, изрази сочувство до Северна Македонија за настраданите во пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово.
On behalf of the 47-state @coe Secretary General @MarijaPBuric expresses her condolences to #NorthMacedonia over the deadly fire at a temporary COVID hospital: “I am deeply saddened. My thoughts go to the people of North Macedonia and all those who have lost their loved ones.” pic.twitter.com/X5VLxItzDL
— Daniel Holtgen (@CoESpokesperson) September 9, 2021
– Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ изразува сочувство до Северна Македонија за смртоносниот пожар во модуларната ковид болница: „Многу сум тажна. Моите мисли одат кон луѓето во Северна Македонија и сите оние кои ги загубија своите најблиски“, се вели во твитот објавен од портпарлот на Советот на Европа Даниел Холтген.
Во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што информираат од Министерството за здравство, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.