Сочувство од „Содексо“ за убиените во Авганистан

Од:

Компанијата „Содексо“, за која работел убиениот Македонец и неговите колеги кои го изгубија животот во атентат во Кабул, изрази сочувство преку соопштение до јавноста.

Претседателот на компанијата Денис Машуел ја изрази својата „длабока тага и шокираност за оваа трагична загуба“, стои во соопштението.

Тројцата убиени во нападот во Кабул се со македонско, малезиско и индиско државјанство и тројцата работеле за „Содексо“, втора по големина компанија за кетеринг во светот.

Тие биле киднапирани, а потоа егзекутирани од за сега непозната група. Авганистанските власти веруваат дека станува збор за терористички атентат, иако ниедна група за сега не презела одговорност за убиствата.

Нејасно останува што точно се случило. Од авганистанското министерство за внатрешни работи велат дека тројцата вработени го напуштиле работното место околу 8 часот и 30 минути наутро, авганистанско време, во возило со шофер.

– Околу час и половина подоцна нивните тела се пронајдени во полињата во дистриктот Мусахи во друго возило. Трите жртви се мажи, рацете им беа врзани. Убиени се со крушуми. Двајца од нив беа пронајдени во багажникот, а третиот на задното седиште, изјави протпаролот на авганистанското МВР, Насрат Рахими, пренесуваат медиумите.

Полицијата го сомничи шоферот. Медиумите велат дека регионот Мусахи е познат како опасен регион, со силно талибанско присуство. Киднапирањата во Авганистан се чести, а криминалните групи неретко ги препродаваат киднапираните на терористички групи.

Македонското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека испратило барање до авганистанските институции за официјална информација во врска со убиениот македонски државјанин.

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Нападната база во Кабул: Има мртви

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

A1on

67 Авганистанци добија привремен престој во Македонија

А1он

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он

Повеќе од 30 случаи на насилство врз авганистански новинари за два месеца