Сочувство од Јолевски за трагичната хелихоптерска несреќа во Србија

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вчера во телефонски разговор со српскиот колега, Братислав Гашиќ, упати длабоко сочувство за трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија седуммина, меѓу кои, и едно бебе.

– Македонија и македонскиот народ се со вас во овие тешки мигови. Ова е голема загуба за Србија и за нејзиниот народ, особено имајќи предвид дека овие луѓе го дадоа својот живот обидувајќи се да спасат невино новородено дете. Искрено жалам што вакво хуманитарно дело заврши на овој трагичен начин, порача министерот Јолевски.

Воедно, министерот Јолевски упати и телеграма за сочувство до Министерството за одбрана на Србија, Армијата на Србија, но и до српскиот народ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он