Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел.
-ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува во реакција испратена до МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.
Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земајва, Дејвид Гир.
Our thoughts are with the people of Tetovo this morning following the tragic fire at the modular hospital. Sincere condolences to the families and friends of those who have lost their lives and best wishes for a speedy recovery for the injured.
— EU Ambassador David Geer (@AmbassadorEU) September 9, 2021
– Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените, пишува Гир на Твитер.
Пожарот кој избувна во модуларната болница во Тетово синоќа околу 21 часот одзеде десет животи според првичните официјални информации.
Причините за пожарот сѐ уште не се познати.