Сочуство од АМС до семејството на карате-легендата Димче Кичевски

Од:

Агенцијата за млади и спорт (АМС) изрази сочуство до семејството на Димче Кичевски за големата загуба на еден од најголемите спортски работници во македонскиот карате спорт и Карате сојуз на Македонија.

– Карате спортот и спортот во Македонија останаа празни за еден голем човечки лик, пред се како спортист, тренер и селектор од кој можеше да се учи и научи за се во карате спортот, се вели во соопштението на АМС.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Светскиот шампион во карате, Дејан Недев кај Жерновски

Ана Ололовска