А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собраниската седница за уставните амандмани одложена за во 15 часот

by А1он10/01/2019 - 13:2010/01/2019 - 13:36343
Share0

По одложувањето на седницата за уставни промени во 15 часот, јасно е дека премиерот Заев сè уште не успеал да го обезбеди потребното 2/3 мнозинство. Од Собранието не образложија зошто седницата се одлага.

Следете a1on на Instagram Instagram

Но, според извори на „Макфакс“, сè уште спорат осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои не се согласуваат со барањата на Беса на Касами. Инаку, Заев од утринава имал две координативни средби со нив, но засега нема информации за исходот од нив. До почетокот на седницата Зоран Заев ќе одржи нова средба со Биљал Касами, по неуспешните преговори од денешната средба на пладне.

Според собраниски избори, Касами не отстапувал од барањето за државјанство да биде вметнато во уставните измени. Неизвесно е дали Касами ќе попушти и како ќе се испеглаат ставовите, затоа што ако не се најде компромис, неизвесен ќе биде гласот на одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

75-тата собраниска седница на чии денвен ред се четирите амандмани и нивна дискусија, наместо во 13 часот, ќе почне во 15 часот, соопштија од Собранието.

Следете a1on на Youtube YouTube

Седницата е одложена поради средбите на премиерот Зоран Заев со осуммината независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, како и со пратениците од Беса на Касами. Во пресрет на гласањето на уставните измени, кои произлегуваат од договорот со Грција за промена на името, премиерот Зоран Заев одржува средби со цел да постигне договор со пратениците и да овозможи мнозинство.

Утринава Заев изјави дека не ја знае бројката на пратеници кои би гласале за промените во Уставот. Според него, барањата на Беса за вметнување на другите народи во преамбулата на Уставот се принципиелни. Заев посочи дека ако нема 80 пратеници, ќе свика состанок на Централниот одбор на СДСМ, а таму некој ќе треба да сносни одговорност.

На прашањето дали осумте пратеници го поддржуваат барањето на Беса, премиерот Заев не одговори конкретно. Во однос на изјавата од Касами дека ако Владата не ги прифати барањата на Беса, нивните двајца пратеници нема да гласаат за уставни промени, Заев вели дека е оптимист за изнаоѓање решение.

sobranieustavni izmeni

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Горан Наумовски31/08/2026 - 13:32

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 10:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео