Собраниската седница за образование прекината пред да се утврди дневниот ред

Од:

Претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Жаклина Лазаревска од СДСМ ја прекина седницата пред да се утврди дневниот ред на кој се два предлог-закона – за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, во прво читање.

Пратениците од опозицијата бурно реагираа дека им се ускратува правото на процедурални излагања пред да се гласа за дневниот ред, сметајќи го тоа за законско и деловничко прекршување, по што Лазaревска ја прекина комисиската седница.

Претходно, пратеничката Вјолца Адеми од ДУИ побара дискусите да бидат во рамки на она што е на дневен ред и да се почитува собранискиот Деловник, прашувајќи што има лошо во тоа да се расправа за нешто што ќе им обезбеди економска сигурност на наставниците со транформација на нивниот работен однос од определено на неопределено време, да се расправа за нивно побрзо напредување и кариерен развој.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски