Собраниската конститутивна седница продолжува утре

Од:

И попладнево собраниската конститутивна седница продолжи со процедурални забелешки, реплики и контрареплики. Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е во тешка политичка состојба, бараат отфрлање на тиранската платформа и одржување предвремени парламентарни избори. СДСМ, пак, повторно побара да се премине на четвртата точка, за избор на собраниски спикер.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја обвини СДСМ за постизборен инженеринг, на што СДСМ возврати дека ВМРО-ДПМНЕ ја изместила дебатата од самиот почеток на седницата.

Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски најави дека пратениците ќе ја продолжат расправата утре во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик