Собраниската конситутивна седница ќе продолжи утре

Од:

Собраниската конситутивна седница и попладнево продолжи со процедурални забелешки, реплики и контрареплики.

СДСМ повторно побара претседавачот Трајко Вељаноски да го стави на дневен ред предлогот за преминување на четвртата точка – избор на собраниски спикер, на што ВМРО-ДПМНЕ одговори дека со тоа се крши Деловникот.

По час и половина меѓусебни обвинувања, Вељаноски даде кратка пауза, замолувајќи ги пратениците да се откажат од процедуралните забелешки за расправата да продолжи, како што рече, со нормален тек. Но, дискусијата и по паузата се одвиваше исто.

Собраниската седница ќе продолжи утре, во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик