• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја усвои Предлог резолуцијата за миграциска политика

by А1он14/01/2015 - 13:08198
Share0

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Република Македонија 2015-2020 година.

Добивај вести на вибер

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими образложувајќи ја Предлог-резолуцијата нагласи дека Република Македонија останува транзитна точка за илегалната миграција. Миграциската политика, потенцира тој, е насочена кон надминување на состојбата на обемни трајни иселувања, посебно на младите и високообразовните кадри.

– Во надворешните миграции на Република Македонија во последните пет години се забележани релативно големи промени како во легалната, така и во илегалната миграција. Кај легалните миграциони движења и понатаму значително е голем обемот на иселените во однос на доселените лица, рече Ибрахими.

Според податоците од Државниот завод за статистика, посочи заменик-минситерот за труд и социјална политика, на годишно ниво од Република Макеоднија излегуваат околу 1.000 лица, од кои 8 до 10 проценти се со ниско образование, а 12 до 13 проценти се со високо образование.

Според податоците на Еуростат, информира Ибрахими, во 2013 година 196.772 граѓани на Република Македонија се наоѓаат во земјите на ЕУ, за разлика од 2012 година кога имаме намалување за 2.245. Во прекуокеанските земји Австралија, Америка, Канада и  Нов Зеланд, според податоците од Светска банка, има вкупно 173.795 македонски државјани. Во Австралија се 83.983, во САД 51.955, во Канада 31.265 и во Нов Зеланд 807.

Во глобални размери, подвлече Ибрахими, од 2000 година наваму се забележува интензивен пораст на миграциите. Така, од 2013 година бројот на меѓународните мигранти достигнува до 232 милиони, што е огромно зголемување од 2000 година кога тој број е 175 милиони. Посебно внимание заслужува зголемениот обем на илегалните миграции, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе, како и на беглаците кои бараат заштита особено од новите кризни подрачја.

Членовите на Комисијата од ДПА, не ја поддржаа Предлог-резолуцијата за миграциската политика и побараа таа да се повлече се додека не се направи суштинска анализа за причините за иселувањето од државата и не се пронајдат долгорочни мерки за стопирање на овој тренд.

Пратениците Влатко Ѓорчев и Павле Трајанов сметаат дека економската миграција нема етнички белези, туку таа е присутна во целиот свет.

Според пратеникот Трајанов Република Македонија нема методологија и стратегија за тоа како да се следи иселувањето, а бројките од Еуростат и Светска банка не се одраз на реалните состојби. Тој смета дека Владата треба да понуди стратегија за миграционата политика, особено за задржување на најдобрите високообразовани и квалификувани млади кадри.

Светска тенденција е, истакна пратеникот Ѓорчев, иселувањето од земјите со понизок во земјите со повисок БДП и нема ниту една земја изземена од ова.

– Република Македонија се стреми да стане членка на ЕУ и на НАТО и тоа сигурно ќе и помогне на нашата економија и на нашето меѓународно позиционирање, рече Ѓорчев правејќи споредба со миграциите во земјите-членки на ЕУ,  но и балканските земји кои имаат проблем со иселувањето, меѓу кои, како најкарактеристичен пример ја посочи Бугарија, а ги спомена и Албанија, Косово, Грција и Србија.

sobranie

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен