ВИДЕО: Собраниската комисија препорача да му се одземе имунитетот на Никола Груевски

Од:

Да му се одземе имунитетот на пратеникот Никола Груевски препорача едногласно Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Пратениците поединечно гласаа за сите шест барања за притвор кои стигнале од кривичноот суд до собранието.

„Зборувам како пратеник, разочаран сум што нашиот систем не го обезбеди осудениот Груевски на издржување казна затвор. Апелирам, мора да се спроведе темелна истрага каде системот потфрлил, но ова искуство мора да биде и лекција да ги корегираме системските ситуации за вакви контрадикторности. Ние ќе расправаме за овие точки, но контрадикторно е што човекот во бегство уште има мандат на пратеник, а ние расправаме за одзмање имунитет да може да се притвори”, рече Павле Богоевски од СДСМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.

Заклучокот ќе биде доставен до претседателот на Собранието кој ќе го стави на дневен ред на следна седница. За одземањето имунитет на пратеник се потребни 61 глас „за”.

Претходно, пратениците се обидоа да му го одземат и пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски, но не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство. По бегството на Груевски, претседателот на Собранието во координација со пратеничките групи, одлучи по шест месеци неоправдано отсуство, да се обидат уште еднаш да му го одземат мандатот. Дотогаш Груевски ќе зема намалена пратеничка плата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?