Собраниска седница за избор на новата влада

Од:

Во Собранието трае пленарната седница за избор на владата предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој ја образложи програмата и предлогот за состав на владата, во тек е дебатата по предлогот.

Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници.

На 18 јуни, по поднесувањето на предлогот за состав на владата, Мицкоски изјави дека очекува расправата да заврши до недела до полноќ, a од понеделник веќе да почнат со работа. Најави бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и немање толеранција за никого, доколку стори злоупотреба, без разлика од која партија доаѓа.

Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада