Собраниска реакција: Ниту една одредба од Деловникот не е неиспочитувана или прекршена

Од:

Собранието реагира во врска со обидот, како што пишува , да се изманипулира јавноста со целосни дезинформации во однос на постапката за донесување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година, искажани во радио интервју, од Бранко Героски, заменик главен и одговорен уредник на дневниот весник „Фокус“ и на неделникот „Фокус“, како и раководител на порталот Плусинфо, дека Буџетот на Република Македонија е донесен надвор од пропишана законска процедура, насилно донесен и дека во Парламентот бил поставен нов буџет на пленарна седница.
Кој стои зад реакцијата не пишува, дали станува збор за Кабинетот на претседателот, пратенички групи, самиот претседател.Само стои во насловот „Собраниска реакција.

„Изразуваме жалење што некој кој раководи со неколку медиуми, истите ги злоупотребува во насока на одработување и штитење на дневно-политичките интереси на една партија. Неоправдано и непримерно е некој кој не го прочитал Деловникот на Собранието на Република Македонија да се впушта во давање паушални видувања за една таква сериозна и деловнички регулирана постапка“, стои во собраниската реакција.

Во реакцијата стои појаснување на постапката во која беше донесен Буџетот за 2013 година.

Цитирани се членови од Деловникот и се заклучува дека нииту една одредба од Деловникот не е неиспочитувана или прекршена.

„Сите податоци во врска со постапката за донесување на Буџетот на Република Македонија, вклучувајќи најпрецизни и детални податоци, како и за сите други акти кои ги разгледува и донесува Собранието, и се достапни на јавноста на веб страницата на Собранието на Република Македонија“, се вели во собраниската реакција.

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски