Собраниска делегација во ЕП во Стразбур

Од:

Делегација на Собранието на Република Македонија од денеска до 8 февруари во Европскиот парламент во Стразбур, ќе учествува на 14. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска Унија – Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација.

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Комитетот ќе ја претставуваат шест пратеници, Горан Милевски, Антонијо Милошоски, Бетиан Китев, Ејуп Алими, Реџеп Мемеди и Жаклина Лазаревска.

Во рамките на состанокот, членовите на Мешовитиот комитет од Собранието и од Европскиот парламент ќе имаат размена на мислења за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија со министер за надворешни работи Никола Димитров.

Според дневниот ред, на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет ќе бидат разменети мислења и за спроведувањето на Планот 3-6-9, препораките од групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото, со акцент на реформи во судството, изборните реформи, реформи во работата на Собранието, реформи во медиумите, реформи во јавната администрација, соработката со граѓанското општество, меѓуетничките односи, добрососедството и регионална соработка, имплементирањето на Охридскиот рамковен договор, новиот закон за употреба на јазиците и Берлинскиот процес и дополнителните активности по самитот во Трст.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата