Собраниска делегација учествуваше на состанок во Цетиње

Од:

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Максим Димитриевски и претседателот на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, Емил Димитриев учествуваа на меѓународниот состанок на тема „Регионална безбедност и соработка“, што се одржа од 21 до 23 јули во Цетиње, Црна Гора.

Од собраниската служба за информирање соопштија дека состанокот бил организиран од страна на Комисијата за одбрана и безбедност на Парламентот на Црна Гора.

На состанокот биле присутни и членовите на Комисиите за одбрана и безбедност и шефовите на постојаните делегации во Парламентарното собрание на НАТО од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Словенија, и Србија. Овој меѓународен состанок бил можност учесниците да разменат искуства поврзани со регионалната безбедност и соработка, како и со актуелните безбедносни предизвици.

Од страна на делегациите на Комисиите за одбрана и безбедност од парламентите на земјите кои учествуваа на настанот едногласно била истакната поддршката за пристапувањето на Република Македонија во НАТО алијансата и полноправно членство во истата. Исто така, се потенцирала важноста и потребата од негувањето на политиката за добрососедските односи, целосната посветеност на регионалната соработка и спроведување на реформите во делот на одбраната и безбедноста.

Како заеднички заклучок од сите учесници на настанот било констатирано дека кога се зборува за прашања поврзани со безбедноста и сигурноста, како држави треба да бидеме свесни дека ниту една земја не е доволно силна за да се справи сама со миграцијата, транснационалниот криминал и борбата против тероризмот. Поради тоа се укажува на потребата за тоа дека нивото на соработка меѓу сите земји во регионот мора да продолжи и дека сите заедно треба да се стремиме за спроведување на мерки и иницијативите во насока на зајакнување на безбедноста и стабилноста во регионот.

Претставниците од Република Македонија ја истакнале подготвеноста и желбата на Комисијата за одбрана и безбедност преку Собранието на Република Македонија да биде домаќин и организатор на следниот Меѓународен состанок на членовите на Комисиите за одбрана и безбедност и шефовите на постојаните делегации во Парламентарното собрание на НАТО.

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Од денес, Црна Гора воведува визи за државјани на пет земји

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска