Собраниска делегација на комеморација за жртвите во Сребреница

Од:

На иницијатива на Здружението АВАЗ првпат оваа година собраниска делегација ќе присуствува на комеморацијата во Меморијалниот центар Поточари по повод 11 јули – Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Како што соопшти денеска пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, делегацијата ќе ја предводи тој, а во неа ќе бидат и неговите колеги Реџаил Исмаиљ и Илија Николовски.

– На овој начин Собранието на Република Македонија оддава почест на сите жртви на геноцидот и изразува најдлабоко сочувство со семејствата на жртвите од геноцидот во Сребреница од јули 1995 година, наведува Рамчиловиќ.

Во рамки на одбележувањето на годишнината од геноцидот, и група граѓани предводена од здружението „Диван“ ќе отпатува и третпат ќе присуствува на комеморацијата во Поточари. Воедно, во рамки на традиционалните одбележувања, на 11 јули во Скопје ќе се одржи „Марш на мирот“ предводен од повеќе невладини организации на чело со Бошњачката културна заедница – БКЗ и граѓани кои го осудуваат геноцидот во Сребреница.

Здружението АВАЗ, потенцира Рамчиловиќ, најостро и недвосмислено ги осудува сите злосторства, но и сите што го негираат геноцидот врз цивилното население во Сребреница.

– Овој ден нека биде поука, опомена и повик за мир и разбирање со цел никаде, никому и никогаш да не се повтори Сребреница, пишува Рамчиловиќ.

Собранието на Република Македонија на 4 февруари 2010 година ја поддржа Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница, усвоена на 15 јануари 2009 година и се обврза дека соодветно ќе го одбележи 11 јули.

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Срдановиќ за сараевските медиуми: Нема да ги оспоруваме пресудите за Сребреница

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он