А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Белград

by А1он11/04/2018 - 09:4590
Share0

Македонска собраниска делегација на 13 април во Белград ќе учествува на семинар на тема „Инструмент за пред-пристапна помош во руралниот развој: Научени лекции и идни перспективи”, што се одржува во рамките на Интерпарламентарната конференција во организација на Европскиот парламент и во соработка со Народното Собрание на Република Србија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во собраниската делегација се пратениците Татјана Прентовиќ, Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили и Панче Минов, од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Интерпарламентарната конференција треба да ја отворат Ненад Чанак, претседател на Комисијата за европска интеграција од Народното Собрание на Република Србија Чеслав Сиекиерски, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комисијата за земјоделство.

Обраќање се очекува да има Маја Гојковиќ, претседател на Народното Собрание на Република Србија, Јадранка Јоксимовиќ, министер за европски интеграции, Бранислав Недомовиќ, министер за земјоделство шумарство и водостопанство и Едуард Кукан, пратеник во Европскиот парламент и член на Комисијата за надворешни работи.

Следете a1on на Youtube YouTube

На претстојната Интерпарламентарна конференција се очекува да учествуваат и Зоран Јанјатовиќ, помошник министер за секторот за рурален развој, Бобан Илиќ, генерален секретар за рурален развој и животна средина (SWG) за Југо Источна Европа и Наталија Богданов од Факултет за земјоделство – Белград.

sobraniesrbija

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 12:0701/10/2026 - 12:17

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:07

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Предраг Петровиќ17/09/2026 - 15:54

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 13:04

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он12/09/2026 - 21:47

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он12/09/2026 - 18:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео