Собранието започнува со расправата за ребаланс на буџетот

Од:

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот е точка на дневен ред во матичанта собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Според предлогот вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228, 3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот буџет, односно е со позициониран износ од 17,7 милијарди денари или 2,5 проценти од БДП.

Со ребалансот на Буџетот се издвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активни мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството, 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за исплата на поврат на ДДВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски

Шести ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

А1он