Собранието за 5 000 евра бара сервисер за машините на кои се билдаат пратениците

Од:

За одржување и сервисирање апарати за вежбање во вежбалницата во Собранието, објавен е тендер на Бирото за јавни набавки во вкупна вредност од 300 илјади денари без ДДВ, или приближно 5 000 евра.

Според техничката спецификација, ќе се сервисира лентата за трчање, степерот, статичниот велосипед, машината за веслање, крос и пек-дек машината, хип-хоп машината… Сервисирањето вклучува замена на сајли, лагери, макари, замена на мотори, дисплеи, папучи…

Пратениците пред пет години, при реновирањето на Собранието добија фитнес-сала, па веројатно на опремата ѝ треба сервисирање.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“