Собранието втора недела без закажани активности

Од:

Собранието на Република Македонија и оваа недела нема да одржи пленарна седница, а не се закажани ниту седници на комисиите. Ова ќе биде втора недела како Парламентот нема да одржи седница.

Незавршени седници има, а има и прашања и закони кои се очекува да бидат ставени за дневен ред на некоја следна седница.

Група пратеници, меѓу кои и претседателот на Собранието, Талат Џафери во вторник заминуваат во Вилтон Парк во Велика Британија. Македонското Собрание има долгогодишна соработка со Вилтон Парк инстутотот, а на средбите се дискутира за актуелни и важни прашања за работата на Собранието.

Иако речиси и да немаше активности, минатата недела во Парламентот се состанувале работните групи составени од пратеници од власта и опозицијата и разговарале за реформските закони. Средбите се потврдуваат, но нема информации дали нешто е усогласено или не.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски