А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието в понеделник ќе ја продолжи 12. седница

by А1он15/09/2017 - 23:0884
Share0

Денешната 12-та собраниска седница помина со реплики и контрареплики, паузи и продолженија по измените на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина.

Добивај вести на вибер

Пратениците од опозицијата смета дека со укинувањето на одредбата, со која се уредуваат условите и постапките на вршење на професијата доктор на медицина, Република Македонија се оддалечува од стандардите на ЕУ за високото медицинско образование.

Според владејачкото мнозинство пак со измените на Законот се подобрува здравствениот систем. Тие сметаа дека студиската наставна програма треба да ја вршат високо образовните установи.

По паузата, која беше дадена попладнево во продолжението по 20 часот процедурални забелешки имаа Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Томислав Тунтев од СДСМ. Тие побараа од пратениците да работат конструктивно и без меѓусебни лични навреди.

Милошоски од име на докторката Аспазија Софијанова и од име на колеги-пратеници кои, како што рече, биле лично засегнати или навредени без причина, замоли било кој од пратеничката група на СДСМ или од владејачкото мнозинство да се оградат од тоа и да понудат извинување. За, како што посочи, да можеме и денес, утре и кога и да е во името на колегијалноста да продолжиме со работа.

– Ако ние пратениците си го подриваме угледот и се навредуваме и клеветиме, тогаш не само што немаме услови за работа тука, туку тоа ќе се одразува на односот на нашите политички следбеници во нивната меѓусебна комуникација, истакна Милошоски.

Според Тунтев доколку како пратеници не се потрудат да го држат дигнитетот на функцијата – пратеник, тогаш не може да очекуваат тоа да го прави никој во Република Македонија.

Тој апелираше до пратениците емоциите да ги остават настрана. – Овде сме дојдени да работиме. Ова сега ни е времен струка, но професија со која се занимаваме и за која професионално сме ангажирани, рече Тунтев.

Во контекст на тоа додаде дека за разлика од другите професии, народот во Македонија ним како пратеници им укажал доверба да ги застапуваат нивните интереси.

– Ако ова мое обарќање може да го прифатите како одговор, како еден начин за да се искаже нашата волја, севкупна и од парламентарното мноизнство и од опозицијата, да продолжиме да бидеме конструктивни и пред се луѓе. Крајно време е да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните на Република Македонија, нагласи Тунтев.

Претседателот на Собранието Талат Џафери откако заврши претресот по ова точка и поради тоа што немаше доволен број пратеници за да се гласа, ја прекина седницата, а продолжението го закажа за во понеделник, на 18 септември.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен