Собранието утре ќе продолжи да расправа за изборот на Кацарска

Од:

Собранието и утре ќе расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд. Денешната расправа беше прекината нешто пред 18 часот, а претседателот на Собранието го најави продолжението за утре во 12 часот.

Во текот на попладневната расправа, опозицијата побара предлогот Кацарска да биде избрана за уставен судија да биде повлечен. Според опозицијата, таа не е стручна за оваа функција која, како што рекоа, ја добива како награда за послушноста кон власта. Не може, посочи опозицијата, судија кој суди спротивно на Уставот, да го брани Уставот.

– Кацарска нема друго искуство, освен во основниот суд. Има колеги кои имаат богато искуство. Државата има квалитетни ресурси за вакви високи позиции, истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница.

Неговиот колега Александар Николоски не е изненаден од ваквиот предлог на Судскиот совет бидејќи, како што рече, уште пред неколку години се знаело дека еден ден предлогот Кацарска да биде избрана за уставен судија, ќе стигне во Собранието.

Во текот на денешната расправа пратениците од партиите на власт, го бранеа ваквиот предлог забележувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку има право да говори за независно судство затоа што во време на нивното владеење, судството било донесено до најниското можно ниво.

Кацарска треба да дојде на местото на судијата Владимир Стојановски, чиј мандат е истечен. Таа беше предложена за оваа позиција од страна на Судскиот совет на крајот на септември.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски