Собранието усвои измени на неколку закони во прво читање

Од:

Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 72. седница усвои измени и дополнувања на неколку законски решенија, предложени во прво читање.

Прифатени се измените на Законот за инспекциски надзор за кои пратениците расправаа во текот на вчерашниот ден, како и измените на Законот за управување со отпад со кои се предвидува, доколку правните и физичките лица немаат локација за собирање и складирање на отпадот, да не смеат да вршат трговија со отпад.

– Досегашното решение во Законот за управување со отпад беше уредено на начин што дозволите за трговија со неопасен отпад можеа да се издаваат на правни лица кои не мораа да поседуваат локации за складирање на отпад. Со ова решение се создаде простор за манипулација со количините и видовите на отпад со кои се тргува, особено при утврдувањето на потеклото на отпадот и начинот на неговото складирање. Со цел да се спречи можноста за манипулација Министерството предложи измени и дополнувања на Законот за управување со отпад, појасни заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.

Пратениците ги проследија во второ читање и измените и дополнувањата на Законот за научно-истражувачка дејност кои предвидуваат внесување на имињата на сите научници и истражувачи на порталот наука.мк со што нивната научно-истражувачка работа ќе им биде достапна за приватниот и јавниот сектор.

НСДП забележа дека се предвидени несоодветни казни во висина од 1000 до 2000 евра за научниците кои нема да се пријават на овој портал.

Николче Ацевски од НСДП посочи дека еден истражувач кој три години работи на еден научен проек, не може да зема пари колку што е глобата предвидена во законот.

Во претпладневниот дел од работата беа прифатени и измените на Законот за странци со кои се поедноставува постапката за исполнување на општите услови за влез на странци во државата.

Седницата беше прекината по барање на пратеникот Бекир Фазлиу од ДПА и ќе продолжи по еден час.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“