Собранието треба да ја продолжи расправата за Националната стратегија за спречување на корупцијата

Од:

Собранието денеска ќе ја продолжи 32-та седница на чиј дневен ред е расправата по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интерес 2021-2025.

Расправата по предлог стратегија пратениците ја почнаа вчера.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, пред пратениците, посочи дека петгодишната Национална стратегија што ја изработи ДКСК е прв документ од областа на борбата против корупцијата што се усвојува на највисоко ниво, и во него се детектирани 12 секторски приоритетни проблеми меѓу кои правосудството, медиумите, вработувањето во јавниот сектор, процесот на јавни набавки, спроведувањето на надлежностите во јавниот сектор…

-Успешната антикорупциска политика е дел и од процесот на евроинтеграции, а стратегијата е темел за унапредување на законската рамка и преземање на реформски активности. ДКСК примени широк, инклузивен и транспарентен процес во подготовката и изработката на стратегијата со учество на претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор, медиуми, но и претставници од Делегацијата на Европската Унија, ОБСЕ, РАИ и ИРИ, рече Ивановска.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во текот на вчерашната расправа рекоа дека ќе го поддржат носењето на Стратегијата, бидејќи таа е важна за државата и од нејзините резултати ќе зависи и напредокот во евроинтеграциите, но изразија сомнеж во капацитетот на власта за нејзино спроведување.

За пратениците од власта, ова е вистинска стратегија во вистинско време, а нејзината имплементација зависи од сите.

На дневен ред на 32. седница се останати повеќе предлог законски решенија, но и годишни извештаи за работа и финансиски планови за работата на државни институции и независни регулаторни тела. За дел од точките на дневен ред расправата е завршена на некое од минатите продолженија на седницата и треба само да се гласа.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата