Собранието треба да ја одржи 57. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија, за учество во мировната операција на Европската унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

На оваа седница, меѓудругите, пратениците треба да ги разгледаат ратификациите на Конвенцијата за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународните езера, на Протоколот за забрана на употреба на задушувачки, отровни или други гасови и бактериолошки методи на војување, Женева, 17 јуни 1925, и ратификацијата на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска помош помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.

Пратениците треба да распрваат и за измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање, за Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за 2014 година, измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, исто така во прво читање, Предлог одлуката за објавување јавен конкурс за избор на член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и по Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Молдова за полициска соработка.

На дневен ред се и Предлог одлуката за именување на член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во второ читање и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, исто така во второ читање. 

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски