Собранието треба да донесе одлука за избор на нов состав на ДИК

Од:

Пратеници на СДСМ, ДУИ, Беса и на Алијанса предлагаат да се распише оглас за избор на нови претседател, потпретседател и пет члена на Комисијата, затоа што мандатот на сегашниот состав истекува за еден месец, а оваа Предлог одлука е ставена како точка на дневен ред на за денеска закажаната 29. собраниска седница.

Предлогот е поднесен од координаторите на пратеничките групи на владејачките СДСМ и ДУИ, како и од Кастриот Реџепи од Беса и Атнан Незири од опозициската Алијанса за Албанците.

-Имајќи ја предвид Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес(Службен весник на Република Северна Македонија, број 72/2020 и 154/2020) мандатот на постојнит состав на Државната изборна комисија е пред истекување. Од овие причини Собранието на Република Северна Македонија треба да огласи извор за нови претседател, потпретседател и пет члена на Комисијата поради што предлагаме Собранието да ја донесе оваа одлука, пишуваат пратениците во образложението.

Огласот за избор на нов состав на ДИК би се реализирал според важечките правила во Изборниот законик, со оглед на тоа што досега не се извршени измени и не е донесен нов. Неодамна во Министерството за правда беше формирана работна група која треба да работи на измени на Изборниот законик.

За избор на членови на ДИК е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он