Собранието се распушти, изборите на 12 април

Од:

Пратениците едногласно, со 108 гласа „за“ и со аплауз ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија . Предлогот беше на спикерот Талат Џафери.

Џафери во објаснувањето како предлагач, рече дека бидејќи тоа до сега не беше вообичаено, како пратеник на ДУИ, последен ќе говори на крајот од расправата. За предлогот за распуштање од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не бил целосен, и за да се запази рокот за избори на 12 април, тој го поднел предлогот.

„Политички договори за датумот на избори нема, и затоа согласно роковите, јас одлучив денес да е денот „Д“ за разгледување на предлог одлуката за распуштање на Собранието“, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски посочи дека со оваа одлука завршува мандатот на овој пратенички состав кој мина низ многу премрежја, преброди сериозни кризи и донесе историски одлуки кои ја обезбедуваат иднината на нашата држава.

„На 12 април граѓаните ќе одлучуваат меѓу две дијаметрално спротивни политики. Едната е политиката на СДСМ, политика на просперитет во која главна грижа е граѓанинот. За другиот избор нема да коментирам зошто тоа им е јасно на граѓаните“, рече Митревски кој говореше за достигнувањата на неговата партија и апелираше за чисти и регуларни избори.

Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се чувствува како Дон Кихот јунакот кој се бори со ветерници.

„Денес ќе проговорам за лагата која е присутна три години во ова Собрание. Знам дека некои не ме сакаат, но кога гледам кои не ме сакаат се гордеам со себеси. Во овие години Македонија е епицентар на лагата. Илузиите се најголеми во Европа а можеби и во светот.Оваа владеачка гарнитура мора да замине во историјата и да одговара“, рече Јовановски кој бараше да не се прифаќа, како што рече, пропагандата на криминалецот.

Никола Мицевски, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека носењето на Законот на јавно обвинителство не го доби потребното мнозинство и повторно незаконски е ставен на гласање, што спред него значи уште една амнестија и погазување на демократијата

„Како пратеник на ВМРО-ДПМЕ и координатор, бев сведок на најкриминалната Влада во историјата на Република Македонија.На своја кожа граѓаните почувствуваа како изгледа кога СДСМ ја има целата власт. Уставот е променет и покрај неуспешниот референдум“, рече Мицевски кој порача дека Заев на 12 април ќе замине на политичкото буниште.

Талат Џафери, во истото одело како пред три години, кога бил избран за претседател на Собранието, како пратеник на ДУИ, од говорницата рече дека не ги разочарале граѓаните.

Албанскиот јазик рече е рамноправен на сите нивоа, Македонија е на вратата на НАТО, најавите се дека во март ќе се отворат преговорите со ЕУ и дека одлуките се врз основа на интересот на граѓаните. Јавно се извини на сите доколку направил грешка, која ја направил ненамерно.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски