Собранието расправа за легислативно регулирање на носењето маски на отворено

Од:

Пратеници од власта и од опозицијата поднесоа амандамни на измените и дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, што започнаа да се разгледуваат на матичната Комисија за здравство. Амандмани имаат поднесено пратеници од власта и од Алијанса и Алтерантива.

Првиот амандман е поврзан со мерките на Владата за носење маска на отворено, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Се предвидува ова да бидат времени мерки. Министерот за здравство го прифати амандманот и тој ќе биде составен дел од Законот.

Опозицијата реагираше зошто Владата и Министерството за здравство амандамните се доставени пред почетокот на Комисијата, а според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски некои од амандамните тие веќе се предложени и од опозицијата.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се надева дека пратениците ја разбираат потребата од носење на Законот, како и од амандманската интервенција и дека тоа е во насока на заштита на јавното здравје.

-Ние ги најавивме амандманите. Како се усложнуваше ситуацијата најпрактичен и набрз начин беше после поднесувањето на овој закон, да се интервенира со амандман, нешто што уредува носење маски на отворено и зголемување на ингеренциите на инспекциските служби како тоа ќе го пратат, рече Филипче.

Според него, седницата на Комисијата е „арена“ да се продискутира за законот и за амандманите.

-Имав средба со претставник на опозицијата и за многу ставови е дискутабилно да се дискутира, рече министерот за здравство, потенцирајќи дека ова е во насока на заштита на јавното здравје.

Дел од пратениците сметаат дека треба да има допрецизирање на амандманот. Како на пример, кога ќе биде дозволено да се носи маска на отворено, односно дали тоа ќе биде дозволено кога лицето ќе се движи на пример на планина кога се сами, како и да се обезбеди заштита за медицинскиот персонал.

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести е на дневен ред на продолжението на 19. седница што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за 14 часот денеска.

На оваа седница на дневен ред се и измените и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, измени на Законот за инвалидски организации, изменување и дополнување на Законот за научно-истражувачка дејност, по скратена постапка, но и измените и дополнувањата на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од Сурија Рашиди и Никола Мицевски.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски