А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почна изборот на заменици министри, според Милошоски СДСМ недоследно го троши буџетот

by А1он22/06/2017 - 12:3722/06/2017 - 14:1871
Share0

Замениците-министри се бирани по стручност, ќе работат посветено на реформите и паралелно со министрите кои ги водат ресорите во Владата, рече премиерот Зоран Заев претставувајќи ги пред пратениците кандидатите за заменици-министри. Предложените кандидати, како што посочи, ја знаат својата одговорност, дека ќе добијат задача да ја извршуваат одговорно функицијата раководејќи се од Уставот и законите и од општиот интерес за подобрување на животот на граѓаните.

Добивај вести на вибер

„Ви го доставивме нивните биографии пред една недела и имавте можност да видите за какви кадри станува збор.Се работи за лица кои се стручни во својата област, што ветува дека професионално и чесно ќе си ја вршат својата функција. Важно е дека тие нема да бидат само заменици туку ќе си имаат свои задачи и паралелно ќе работат со министрите и ќе придонесат. Ние остануваме на реформските определби кои ги ветивме пред граѓаните“, рече премиерот Заев на собраниската расправа.

По излагањето на Премиерот, за збор се јавија голем дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека најголем дел од предложените кадри се партиски послушници и нема да придонесат ништо за ветените реформи.

Пратеникот Антонијо Милошоски побара објаснување по кој критериум е предложена Арта Точи од Алијанса на Албаниците, која, според него, во своите трудови има сериозни закани за територијалната организација на државата.

„Изневерена идејата на СДСМ за помала Влада. СДСМ пред изборите ветуваше дека нема да има повеќе од 20 министри, а сега има 26 министри и 26 заменици. Тоа е доказ за недоследноста на СДСМ за буџетот и неговото трошење. Во однос на предлозите за заменици-министри, прашувам како може Арта да биде дел од Владата а тврдеше дека западна Македонија треба да припадне на Албанија, а земјата ја ословува со ФИРОМ“, рече Милошоски.

За заменик-министер за одбрана е предложен Беким Максути, за заменик-министер за внатрешни работи Агим Нухиу, во Министерството за правда Оливер Ристовски, во Министерството за надворешни работи Арта Точи, во Министерството за финансии Ширете Елези, а во Министерството за економија Кире Наумов. Власте Димковиќ е предложен за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Чакаровски за здравство, Висар Гани за образование и наука, Елми Азири за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, а Јани Макрадули за заменик-министер во ресорот животна средина и просторно планирање.

Инаку, за дебата има пријавено долга листа на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, дел за збор, дел за реплики. Со оглед на фактот што партијата сè уште нема формирано пратеничка група, Деловникот не ограничува колку пратеници може да се јават. Според ова, неизвесно е дали дебатата може да заглави со денови, па и недели.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:37

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Горан Наумовски17/12/2025 - 19:13

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски17/12/2025 - 16:5917/12/2025 - 17:01

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Горан Наумовски17/12/2025 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен