Собранието со работа продолжува на 9 јануари со избор на уставни судии и законот за јазиците

Од:

За 9 јануари претседателот на Собранието, Талат Џафери закажа 6 собраниски седници, меѓу кои и 27-та на која на дневен ред се и изборот на уставните судии и Предлог законот за употреба на јазиците.

Се уште е неизвесно дали владејачкото мнозинство ќе ги гласа законите и другите одлуки без опозицијата имајќи предвид дека ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлука дали ќе се вклучи во работата на Парламентот.

Од ВМРО-ДПМНЕ известуваат дека се уште нема промена на нивниот став, а лидерот Христијан Мицкоски вчера најави дека наскоро ќе бидат објавени идните чекори на партијата.

Џафери на предновогодишната средба со новинарите изрази надеж дека пратениците од опозицијата нема да го продолжат отсуството, поради што од пред Нова Година за 9 јануари беа одложени поголем дел од седниците.

– Очекувањата се дека сите оние превирања внатре во политичките партии што се случија на крајот на годината (2017) да се надминат и првите работни денови на Собранието, од 9-ти па натаму моите очекувања се дека Собранието да биде во полн состав со учество на опозицијата и сите политички партии, имајќи ги предвид и нивните претходни изјави дека ќе бидат присутни и особено за реформските закони, а во контекст на очекувањата од Извештајот на ЕК и напредокот на Република Македонија, изјави тогаш првиот парламентарец.

На 9 јануари е закажано продолжението на 27 седница на која на дневен ред се Предлог за избор на судии на Уставниот суд, Предлог на закон за употреба на јазици, во второ читање, измени и дополнување на Законот за работни односи, прво читање и неколку други закони и одлуки.

На 26-та седница на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, на 22-та се реформските измени и дополнувања на Законот за заштита на сведоци и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, двата по скратена постапка.

Со по неколку точки на дневен ред закажани се и продолженија на 11-тата, 13-тата и 15-тата седница.

Пратениците во јануари ќе имаат интензивна агенда имајќи ги предвид веќе закажаните седници на комисии и пленарни седници, како онаа за ратификација на Договорот со Бугарија (15 јануари) и обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг (18 јануари). Најавени се и други активности како средбата во рамки на процесот Жан Моне на 25 и 26 јануари во близина на Париз и друго.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител