Собранието продолжува со работа по локалните избори

Од:

Собранието на Република Македонија денеска продолжува со работа по повеќенеделниот прекин поради кампањата и одржувањето на локалните избори.

Седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

На Комисијата за транспорт, врски и екологија на дневен ред се Предлог-закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и на деловните простории на Република Македонија во прво читање, како и предлог-одлуките за давање согласност на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2013 година, за Предлог-годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2013, за Предлог-годишниот финансиски план на АЦВ за 2013 и за користење на средствата од концесискиот надоместок за користење на аеродромите во Република Македонија за 2012 година.

Предлог-законот за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба во прво читање е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се Предлог-законите за ратификации на Договорот меѓу македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за гробовите на воените жртви, на Конвенцијата за работни односи во јавните служби, на Конвенцијата за колективно договарање и на Конвенцијата за трудова администрација.

Комисијата за деловнички мандатно-имунитетни прашања ќе го разгледува Извештајот на ДИК за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието согласно член 153 од Изборниот закон. На испразнетото пратеничко место на Талат Џафери кој стана министер за одбрана во Собранието влегува Јулијета Марку, од листата на кандидати на ДУИ во Шестата изборна единица.

Во вторник пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции ќе се обрати еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Седници ќе одржат и комисиите за финансирање и буџет, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование, наука и спорт, за европски прашања и Законодавно-правната комисија. За среда е закажана 58. седница на Собранието.

Во официјална посета на Собранието на Република Македонија ќе биде делегација на Комисијата за здравство на чешкиот Парламент, а за четврток е најавена и средба на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со министерот за надворешни работи на Република Словенија Карл Виктор Ејавец.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани