Собранието потврди дека нема избори на 5 јуни

Од:

Со 96 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан Собранието на Република Македонија вечерва на седница ги усвои измените на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои се предвидува укинување на членовите со кои се предвидуваше одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Со измените, предложени од Талат Џафери од ДУИ, не се предвидува нов датум за одржување избори.

Собранието на Република Македонија попладнево ги констатираше и оставките на министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици министри за финансии Кире Наумов, за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Пратениците, на предлог на премиерот за спроведување на предвремените избори Емил Димитриев, за нови членови на Владата ги избра Митко Чавков, за внатрешни работи и Диме Спасов, за труд и социјална политика.

Димитриев во образложението посочи дека на ова се решил по одлуката на Уставниот суд и предложените измени на Изборниот законик.

Претседателот на Собранието ја закажа оваа седница по денешната едногласна одлука на Уставниот суд на Република Македонија да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Парламентот од 18 јануари 2016 година и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари 2016 година. Притоа, уставните судии донесоа и времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.

Иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот беше поднесена од Талат Џафери од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618