Собранието поддржа измени на неколку закони во прво читање

Од:

Собранието на Република Македонија денеска на новото продолжение од 67. седница прифати измени на неколку законски решенија во прво читање и ги проследи во натамошна процедура.

Во прво читање поддршка добија измените на Законот за јавни набавки, на Законот за експропријација, на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за административните такси и измените на Законот за буџетите.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, измените на Законот за буџетите се однесуваат за сите буџетски корисници и некој треба да биде овластен за да врши надзор.

Тој додаде дека вакво законско решение има во сите европски држави кој функционира на идентичен начин.

Во расправата за измените на овој закон, опозицијата оцени дека се работи за нелогично решение и оти е нејасно како ќе функционира системот на контрола на буџетите. Маријанчо Николов од СДСМ побара законското решение да се повлече.

Пратениците ја почнаа расправата по измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа во прво читање.

Вицепремиерот Ставрески рече дека измените на Законот во делот на задолжувањето претставуваат усогласување со Законот за јавен долг каде е прецизирано колку смее да изнесува долгот на секоја општина.

– Со овој закон нема никаква промена, освен усогласување со Законот за јавен долг, потенцира вицепремиерот Ставрески.

Панче Орцев од СДСМ рече дека законот нема да го поддржат и оти сега општините полесно ќе имаат можност да се задолжуваат.

Расправата по измените на овој закон продолжуваат по редовната едночасовна пауза.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година