Собранието петти ден расправа по Извештајот на ЕК за Македонија

Од:

Петти ден по ред македонското Собрание расправаше по Извештајот на ЕК за Република Македонија за 2015 година. Пратениците од партиите на власт и опозициските партии и на денешнатото продолжение на 74. седница изнесоа различни ставови и видувања на она што е во него наведено.

За едните тоа е најлош извештај што Македонија го добила во изминатите седум години, додека за другите покрај нотираните забелешки во него Комисијата нотирала и напредок за се она што било направено во изминатата година.

Јован Митрески од СДСМ смета дека не може да се тврди дека извештајот е позитивен кога, како што рече, само во три од 33 поглавја ЕК констатирала добар напредок, а во се друго мал, одреден, назадување или стагнирање… Добро е, рече тој, што барем е зачувана препораката иако таа е условена.

Пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО – ДПМНЕ смета дека во Извештајот е нотирано се она што било сработено во посочениот период и оти тој не може да се третира како негативен, пред се заради тоа што повторно е добиена препорака. Условеноста за препораката, рече, во еден дел зависи од спорот што го наметна Грција за прашањето со името, а вториот, од деструктивното однесување на опозицијата.

– Опозицијата не може да се амнестира од она што е напишано во Извештајот на ЕК за Република Македонија. Вие не само во изминатата година, туку од 2006 правите се и работите на тоа Македонија да не добие препорака за почеток на преговорите, рече Затуроска.

На говорот на Затуроска реплицираше Горан Сугарески од СДСМ кој истакна дека овој извештај е најкатострофален од сите добиени досега.

– Се нотира дека има назадување или има стагнација во сите четири политички критериумите. Грција  е виновна за спорот со името, но сигурно не е виновна за назадувањето во политичките критериуми, истакна пратеникот Сугарески.

Рафиз Алити од ДУИ побара на Извештајот да се гледа како на патоказ за излез од настанатата криза, а не за меѓусебни обвинувања.

– Сите сносиме одговорност за добивање на ваквиот Извештај. Ние сите точно знаевме какви ќе бидат забелешките, бидејќи ние тука гледавме што се случува ги гледавме и позитивните и негативните работи, рече Алити.

Извешттајот на ЕК за Македонија за пратеничката Соња Миракоска од НСДП е удар за владеењето ВМРО-ДПМНЕ. – Точно дека сите одговорни што се занимаваме со политика сносиме некаква одговорност, но власта е таа која ја носи најголемата одговорност, рече Миракоска.

Расправата по Извештајот на ЕК за Република Македонија за 2015 година продолжува по редовната пладневна пауза.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител